1 Регионален собир - Сараево 2013

07/04/2013


Првиот регионален собир се одржа на 07/04/2013 година во БиХ , во Студио 1 во Сараево.

Организатор на настанот беше фан клубот на Ливерпул од Босна а дружба правеа навивачи од Хрватска, Србија , Македонија и Црна Гора или околу 200 гости.

Собирот започна рано наутро со дружење на навивачите и размена на искуства во пресрет на натпреварот Liverpool - West Ham.

Иако резултатот беше нерешен, најбитна работа е почетокот на едно пријателство помеѓу фан клубовите на Ливерпул од просторите на бивша Југославија.