CHAMPIONS LEAGUE - LUDOGORETS - LIVERPOOL

Никола Соколов

26/11/2014



Никола Соколов 22 години од Скопје. Моментално студент на ФИНКИ и основач на своја стартап компанија.

Каде гледаш натпревари на Liverpool FC ?

Секогаш кога има организација на Macedonian Reds обожавам да дојдам на тие настани, бидејќи следењето на натпреварот со повеќе луѓе кои се страсни навивачи на Ливерпул е секако повозбудливо. Доколку нема организирано следење тогаш натпреварите ги проследувам дома со братми и кучето :) :)

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Xaxa .. Teшко прашање ... Знам дека бев многу мал и дека двајца од мојот клас беа за Арсенал и за Манчестер па јас за Ливерпул. После 2004 година почнав да следам поактивно и каква година ни беше следната не ни треба да се спомнува.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Играч STEVEN GERRARD. Дали може да ми биде некој друг ? Едноставно незнам како ќе ја преживеам годинава бидејќи буквално пораснав со човекот. генерација никоја посебно , тренер искрено Брендан. Многу сум среќен што човек како него го води клубот и имам голема надеж.

Што мислиш за моменталниот состав и начин на водење на клубот ?

Водењето на клубот е прекрасно. Дали се сеќавате во каква состојба бевме.

Твое мислење за оваа сезона , кој каде ќе заврши ?

Почна катастрофално. Играта ни беше многу лоша и мразев што морам да гледам како луѓе го критикуваат Брендан. Сепак еве сме со 12 натпревари без пораз и изгледаме конечно на тоа што изгледавме лани. секоја чест за момците кои се бореа за да стигнат тука.

Ludogorets - Liverpool ?

Во Софија бев со брат ми и уште еден добар другар. Искрено тоа беше еден од најдобрите денови во мојот живот.

Пристигнавме рано и знаете кафе , крофни па многу многу пиво. Стигнавме до барот каде што беа Скаузерите и чувството неможам да ви го опишам. Никогаш не сум се почуствувал така ... Барот беше преполн со навивачи од секаде, многу пиво, многу песни , многу знаминја, многу црвени дресови !

Едноставно чувство кое СЕКОЈ навивач треба да го осети, а посебно на Ливерпул бидејќи нели ги имаме најдобрите фанови на светот! Потоа од барот сите заедно се упативме накај Стадионот а Софија ечеше од Скаузерски песни !!

AS THE REDS GO MARCHING IN !!!! :) :)

Liverpool FC е многу повеќе од било која негова постава, играч, тренер ... Што би им порачал на оние фанови кои цело време по форуми кукаат дека вака сезоната нечини ?

AУ колку сум се карал ! Неможе тренер кој не однесол толку блиску до таа толку посакувана титула одеднаш да заборави како да управува клуб. Од друга страна погледнете колку млад и просперитетен состав имаме! Coutinho , Henderson, Lallana, Ibe , Can, Sterling ... Се возбудувам само кога ке ми текне на ова !!!


YNWA!