Струмичките навивачи на Ливерпул во посета на Бугарија

by САШКО ЃОРЃИЕВ

15/01/2017

Дел од навивачите од Струмица го проследија дербиот против Јунајтед во соседна Бугарија заедно со навивачите на Ливерпул од Петрич. Пофалба за струмичките Црвени како едни од поактивните навивачи кои во континуитет имаат активности и организираат заеднички гледања. Околу патувањето во Бугарија, заедничките гледања на натпреварите и очекувањата за оваа сезона, ќе помуабетиме со Сашко Ѓоргиев од Струмица.

 

Маcedonian Reds: Здраво Сашко, како дојде до дружбата со фановите од Бугарија и поканата да присуствувате на заедничкото гледање?

Сашко: Со фановите од Бугарија стапивме во контакт кога ние во Струмица организиравме собир на фановите од Ливерпул од цела Македонија на дербито против Манчестер Јунајтед. Тие како најблизок град од соседна Бугарија ја прифатија нашата покана и дјдоа околу 15 луѓе. Разменивме контакти и нашата дружба секако продолжи и после утакмицата.

Маcedonian Reds: Kaжи ни нешто повеќе околу одењето во Бугарија? Колкумина отидовте? Дали бевте сите од Струмица? Како патувавте и како поминавте по пат?

Сашко: По завршувањето на Мерсисајд дербито добивме покана од фановите од Петрич да присуствуваме на собирот кој ќе го одржуваат во Петрич на утакмицата против Манчестер Јунајтед. Ние ја прифативме понудата и почнавме околу подготовките за тоа како ќе одиме и колку луѓе ќе можат да дојдат од Струмица. За одењето во Петрич се собравме 10 луѓе и се групиравме во две коли/ Патувавме околу 1 и пол час порани снежните врнежи, лошите временски услови и лоштио пат до Петрич кој беше целосно замрзнат. Патувањето беше долго, но се помина во најдобар ред.

Macedonian Reds: Kaко помина собирот во Бугарија? Колку луѓе имаше? Доловови ни малку од атмосферата.

Сашко: Собирот во Бугарија помина многу добро. Настанот се одржа во Казино Ефбет. На овој собир присуствува околу 50 фанови. Кога стигнавме ги поставивме дел од нашите банери.Фановите од БГ беа изненадени од нашите баери колу добро изгледа и добивме пофалби за нашата посветенос и придонес за тоа колку сме посветени за нашиот клуб .За забавата да нема добар финиш сд погрижи Ибрахимович кој со гол во 80та минута го донесе натпреварот до неизвесен финиш и секако големо разочарување да заминеш само со бод од тим кој се наоѓа на средината на табелата

Macedonian Reds: Дали редовно се оргнизираат заеднички гледања на натпреварите на Ливерпул во Струмица? Каде може да ве најдат навивачите на Ливерпул и со вас да ги проследат заедничките гледања?

Сашко: Во Струмица редовно се организираат собири . Големо влианије има и терминот некогаш кога игра Ливерпул па некои фанови не се во можност да доагаат редовно поради обврските со работата .За локацијата секогаш е различна немаме една локација. Но за тоа каде ке се гледa се договараме ден два пред мечот и објавуваме на нашата фб страница Fanovi Na Liverpool vo Strumica. Сите тие кој се фанови на Ливерпул од Струмица нека ја пратат фб страната Fanovi Na Liverpool vo Strumica и таму ке знаат порано за тоа каде ке се гледа мечот.

Macedonian Reds: Koи се твоите очекувања од сезонава? Каков пласман мислиш дека ќе ствари Ливерпул? Што сметаш дека треба да се промени во тимот?

Сашко: Моите очекувања од сезонава се освојување на Премиер Лигата. Уште кога дојде Клоп во Ливерпул без ниту еден трансфер ми остави впечаток дека од следната сезона и трансферите кои ке ги направи Ливерпул после 20 и кусур години конечно ќе може да дојде до врвот во Англија. Најголем впечаток во досегашниот дел од сезоната ми остави капитенот Хендо и според мене најдобриот бесплатен трансфер направен во Ливерпул – Матип. Моментално Ливерпул го има најдобриот тим, треба да се промени средината на Ливерпул. Џан како и секогаш несигурен во своите пасови, ризично ја враќа топката назад. Вајналдум се уште се мачи со својата форма и ниако не може да фати еден прав ритам откако е дојден во Ливерпул. Убеден сум дека Клоп ќе го извади најдоброто од него исто како што направи со Лалана.