UEFA Super Cup 2019 Istanbul- CHELSEA - LIVERPOOL

Трајче Бебекоски Бебек

14/08/2019



 

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

На возраст од 10 години, турнир во мал фудбал, екипата ја крстивме Ливерпул, најтрофејниот европски клуб во тоа време(средина на 80-те години). После тоа се е историја:)

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Стивен Џерард, нема шо да се додава :) Неблагодарно е, меѓутоа покрај легендарните Шенкли и Пејсли за мене Рафа Бенитез,харизма, тактички беспрекорен и со,, солидна"екипа направи страшен успех.Клопо е приказна за себе наклон до под.

 

 

CHELSEA - LIVERPOOL ?

Истанбул, можи и најомилен град меѓу нас, исто сценарио.. :). Одлична екипа од Македонија 15 луѓе ,,болни" за Ливерпул:), пат од 12 часа ни помина со песна и дискусии за она што ни претстои оваа сезона. Истанбул цел во црвено зачудени затоа што пластичните ги имаше во многу мал број, пиво, донер, песни низ Стамбол, одлични домаќини, гостопримливи, љубопитни. YNWA на почеток на натпреварот, магично 80% од стадионот пее, прв пат го доживувам на 40 и кусур години и знам дека нема да ми е последен:).

Утакмицата баш Ливерпулска, динамична, милион шанси на двете страни, голови на двете страни и на крај она што го пропуштивме со другите пластични овде го надокнадивме и пак YNWA. Магија!!!

 


YNWA!