Хумана акција

Донација во Дом за доенчиња во Битола

27/12/2019


На 27/12/2019 средствата собрани од хуманитарната акција на натпреварот Leicester City - Liverpool беа донирани за потребите во Дом за доенчиња во Битола.

Ви пренесуваме објава од организаторот на настанот.

Средствата кои беа собрани ги употребивме за лекови и витамини за малите, храбри срца. Се надеваме дека ваквите акции ќе бидат почести низ цела Македонија.

И сами знаете и читате какви хајки се водат по порталите низ светот против клубот и симпатизерите на Ливерпул, меѓутоа она што ние го правиме во позадина и не се експонираме, тие неможат ни да го замислат, а не да го спроведат.

Уште еднаш голема благодарност до сите кои донираа и ќе донираат во иднина, и се надеваме дека со нашата скромна помош барем малку ќе ги разведриме тие чисти души .

YNWA