Champions League: Liverpool - Real M.

Собир во Битола

28/05/2022


28 Мај 2022 год. финале на Лига на Шампиони помеѓу Real M. и Liverpool и собир на навивачи во Битола.

Собирот во Битола на кој имаше околу 150 фанови на Liverpool од повеќе градови од нашата држава беше организиран во ноќниот клуб Расчекор.

Фановите од Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Струга, Велес и други места беа сведоци на еден незаборавен спектакл.

Целодневната програма на организаторот беше исполнета со дружење во клубот на навивачи 'Dirty Old Town', имаше и меморијален натпревар помеѓу фановите на Liverpool и Juventus по повод годишнината од Heysel, а вечерта во забавниот дел беа гости и DJ Ile the Hair и Aleksandar Avukatov.

Оваа година бевме сведоци на една од најдобрите сезони на Liverpool и имаме причина да се радуваме и да го повториме истото и наредната сезона.

До наредна дружба...

YNWA!

Во прилог видео и фото галерија од настанот.