Промоција на книга

Nikada neces hodati sam - Adrijana Prskalo

23/10/2022


Nikada Neces Hodati Sam ! - книга посветена на Liverpool FC од херцеговската авторка Адријана Прскало.

На 23ти Октомври во Битола, во просториите на Dirty Old Town се одржа промоција на книгата во присуство на околу 60тина членови на OLSC Macedonia од Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Скопје и други градови од нашата држава

Покрај авторот на книгата, Адријана Прскало, присутни беа и нашите драги пријатели од БиХ, Бруно Шерич и Дубравко Кљајо, а гости беа и македонските фудбалски легенди и репрезентативци на Македонија, Митко Стојковски и Тони Мицевски кои имаа свое излагање и споделија искуства од нивната богата спортска историја.

Промоцијата на книгата ја отвори и водеше спортскиот новинар Марјан Ников, кој исто така е дел од нашиот фан клуб.

Во одлична атмосфера, авторката на книгата ги сподели своите искуства околу пишувањето на книгата и на крај оддели време за потпишување со посвета на сите присутни кои купија книга.

Посетата на Адријана Прскало во Македонија помина одлично и незаборавно. Голема благодарност до неа што одвои време и ја промовираше книгата и кај нас а и до гостите кои ја надополнија и збогатија целата атмосфера околу настанот.




Должиме објаснување , зошто настанот не се одржа во Велес како што беше најавено од почеток. Промоцијата на книгата која долго време ја очекувавме и беше одлагана неколку пати, пред се поради Corona кризата, беше закажана и требаше да се одржи во Велес, а на барање на авторката следниот ден да се направи посета и во Битола во клубот на навивачи Dirty Old Town бидејќи е единствен од овој тип во регионот, во однос на тоа дека е од фановите и е за фановите.

Од неразбирливи причинии без предходна најава или објаснување, настанот беше превземен да се одржи во Скопје по иницијатива на поединци со што се растури една одлична забава во Велес на која ќе присуствуваја сите фанови од целата држава и каде организаторот веќе имаше спремна и богата целодневна програма.

Ние како фан клуб работиме во корист на сите фанови од нашата држава. За жал и овојпат поединци успеваат да ја нарушат убавата атмосфера која владее меѓу нас, и фан клубот се оградува од нив како личности кои го поврзуваат своето име со OLSC Macedonia.

Да се надеваме дека во иднина нема да има некакви слични активности кои поаѓаат од лични интереси.

You'll Never Walk Alone! , Адријана ти благодариме !

facebook: OLSC Macedonia

facebook: Dirty Old Town - Bitola

web: OLSC Macedonia