Хуманитарна акција

Донација во Дом за доенчиња во Битола

28/12/2022


На 28/12/2022 година фан клубот направи донација во Домот за доенчиња во Битола.

Оваа година беа донирани алишта за најмладите и новогодишни пакетчиња.

Во знак на благодарност и повеќегодишна соработка на нашиот фан клуб му беше доделена и благодарница.

Ве поттикнуваме да учествувате на вакви настани и до некоја наредна дружба YNWA!

Голема голема благодарност до сите оние кои донираа во име на фан клубот и кои се вклучија во акцијата.

Се надеваме дека со нашата скромна помош барем малку го разубавивме претстојниот празничен период.

Среќни Новогодишни празници! YNWA!