LIVERPOOL - REAL M.

Хуманитарен собир во Штип

21/02/2023


На 21 февруари 2023 година во Штип се одржа национален собир на навивачите на Liverpool од нашата држава.

Честитки и голема пофалба за домаќините ! Собирот беше организиран од RedScouser Macedonia во Dublin Pub Stip и на кој присуствуваја голем број на фанови од Штип, Велес , Кавадарци, Струмица, Неготино, Св.Николе, Скопје, Битола, Прилеп, Пробиштип, Охрид и други градови.

Покрај добрата забава за која се погрижи Александар Авукатов, собирот беше и од хуманитарен карактер а собраните средства се наменети за помош кон Турција и Сирија кои беа погодени од голема трагедија во изминатиов период.

Liverpool го изгуби овој натпревар со 5:2 , но тоа не е причина и на реваншот да не се даде поддршка на нашиот клуб и да се надеваме на позитивен резултат.

До наредна дружба , YNWA !


YNWA!