Liverpool - Man City

OLSC@Anfield

11/10/2026


 

Liverpool - ManCity, натпревар со силен емотивен набој пред почетокот и за натпреварот. 12 наши членови од Прилеп, Скопје и Битола беа присутни на KOP и со нас споделија збор два , некоја слика и видео.

YNWA !







Иван, Марко и Борјан



OLSC Macedonia: Зошто Liverpool FC ?

MAРКО: Најмногу поради татко ми. Тој навива за Liverpool уште од своето детство. Гледајќи фудбалски натпревари заедно со него, и јас почнав да навивам за клубот. Liverpool секогаш ми беше најинтересниот клуб во целото првенство. Од нервози до победи во 98. минута, секогаш беше забавно да го гледаш и да го бодриш.

 

 

БОРЈАН: За овој клуб започнав да навивам на мои 8 или пак 9 години, тогаш во тек беше 2017/2018 сезона. Фан на фудбалот бев и пред тоа но на почетокот како и секој незнаев за кој клуб ќе навивам, пробував за различни но Liverpool беше вистинскиот.

 

 

OLSC Macedonia: Омилена генерација, играчи, тренер, управа ...

MAРКО: Генерацијата на Клоп, од 2016 до 2022 година. Омилен играч ми е Philippe Coutinho – првиот играч за кој се приврзав. Бев среќен што можев да го гледам секој викенд и да го играм во FIFA 17. Од голови од далечина, надвор од шеснаесетникот, до улогата на вистински архитект на играта.

 

 

БОРЈАН: Одкога имам започнато да навивам сум видел само тројца тренери и за најомилениот секако дека е Jurgen Klopp. Би рекол дека само на една генерација сум бил сведок што значи дека во тоа прашање немам многу избор. Додека пак за најомилен играч до сега ми бил Salah, сега од поновата генерација на играчи многу ми се допаѓаат Szoboszlai и засилувањето кое го видовме претходната сезона но за жал се повреди Ekitike.

 

 

OLSC Macedonia: Натпревaрот коj го следевте Liverpool – Man City...

MAРКО: Најпрвин, би сакал да ѝ се заблагодарам на OLSC Macedonia за целата организација околу билетите и самото патување. Освен резултатот, и самиот натпревар беше нешто неверојатно. Пивото во Taggy’s, атмосферата кога пристигнуваа автобусите на тимовите, а особено дополнителната тензија поради 114-те прекршоци на City, придонесоа атмосферата да биде пеколна. Пеењето на YNWA предизвика посебни емоции, како и навивањето во текот на целиот натпревар. Имаше и одлична дружба со другите што присуствуваа на натпреварот. Имавме одлични места на самиот КОП, што ни овозможи дополнително да ја почувствуваме атмосферата.

 

 

БОРЈАН: На овој натпревар на кој што присуствував беше огромно дерби, имаше огромни очекувања од оваа утакмица поради ситуацијата во која што се наоѓа Man City и затоа мислам дека самата атмосфера пред дербито во градот го кажуваше самото значење на овој натпревар. Настрана од резултатот сѐ беше незаборавно. Атмосферата, навивањето и многу други работи беа навистина одлични. Резултатот на натпреварот беше разочарувачки но никако и на ниеден начин не ми го уништи првото искуство на Anfield.

 

 

OLSC Macedonia: Нешто повеќе околу вшето патување и вашиот престој во Liverpool.

MAРКО: Пријатно бев изненаден од самиот град. Пред патувањето бев малку скептичен во врска со градот и луѓето, но се покажа дека сум бил сосема во грешка. Градот беше исклучително чист, а луѓето беа многу пријателски настроени, дури и повеќе отколку што очекував. Од разговори за Liverpool и натпреварот уште во 9 часот наутро, па сè до интеракции со пијани локалци во 1 часот по полноќ.

 

 

БОРЈАН: Се беше во ред на патувањето, престојувавме во близина на Anfield така да и тоа беше супер. Самиот град беше навистина убав, сите улици беа пречисти и нешто што најмногу не изненади е тоа што сите луѓе беа премногу љубезни.

 

 

OLSC Macedonia: Ваше мислење за тековната сезона и очекувањата од Liverpool FC.

MAРКО: Тешка и мачна сезона, но со потенцијал да биде мноогу подобра, доколку проработат “новите” засилувања:)

 

БОРЈАН: После натпреварот со City не губам надеж за оваа сезона бидејќи нашите најдобри играчи не играа но сепак играта после црвениот картон не требаше целосно да се распадне. Има доста време и уште да се игра од сезонава но кога сите играчи како Szoboszlai Isak Gakpo Ekitike Bradley се вратени од повредите мислам дека ќе играат многу поразлично односно подобро. Оваа сезона имаме и нов тренер така да и на него сигурно му треба време за навикнување.

 

 

ИВАН во десниот агол, на сликата која се најде и на BBC Sport, Guardiаn , The Athletic и други познати медиуми.

 

 

 

 

 



YNWA!