OLSC Macedonia

Liverpool FC во Македонија има свои фанови од секогаш, кои според своите можностите се организирале и давале поддршка на клубот на свој начин.



Скромно, почетоците на фан клубот како организирана група датираат од 2001 година во Битола, а како неофицијален датум е 24 Март, неколку денови пред прекрасниот гол на Steven Gerrard на 31 март 2001 против Man Utd и победата од 2:0, потоа следеше заедничко гледање во Скопје, во студентскиот дом Гоце за финалето во UEFA купот и натпреварот против Alaves , а покасно поголемите дружби се организираја во тогашниот PSclub во Битола како збирно место.

Kaко фан клуб , тогаш , Liverpool Supporters Club - Macedonia во медиумите за првпат јавно се спомнува во Бугарија, прво за натпреварот со Левски во Софија во 2004 година а потоа и со ЦСКА во 2005 година исто во Софија поради кореографијата и страственото навивање пред и за натпреварите, а во 2010 година во Скопје за натпреварот на Liverpool FC против Работнички беше присутна и екипа на LFC TV која направи репортажа за нашиот фан клуб, и со официјалните претставници на Liverpool FC беше договорено да се превземи иницијатива и да се приклучиме кон мрежата на официјални фан клубови на Liverpool FC.



За да се добие статусот на официјален фан клуб во мрежата на Liverpool FC се преговараше долг период за да се исполнат сите услови кои беа побарани од нас во однос на техничка документација, социјални мрежи и организирање на луѓе. Со поддршка на неколку фан клубови од други држави и со компромис, договор и заедничко дејствување на фанови од Битола, Скопје и Кочани на 1 Октомври 2013 година нашиот фан клуб конечно беше примен како официјален.

Голема благодарност за остварување на целта до: MILEVSKI ALEKSANDAR, IVANOVSKI JOFCE, DIMOVSKI DIMITAR, VRANGALOVSKI VLATKO, BOZINOVSKI BLAGOJA, STOJANOSKA MAJA, PAVLOVSKI STEFAN, CILAKOV JANKO, SUTINOSKI DRAGAN, IVANOSKI ORCE, FILIPOVSKI ILIJA, UROSHEVIKJ ROBERT, DOBRICIK JASNA, RISTEVSKI DIMITRIJA, MILANOVSKI DIME, HRISTOV DEJAN, DJOZO DAMIR, MILOSIEV JORDAN, PEJCHIKJ FILIP, JADROVSKI IGOR, TALEVSKI GORAN.

Liverpool FC со својата историја, начин на живот, лојалност на фановите и емоција на свој начин се разликува од другите клубови. Сите ние имаме локални клубови со кои сме растеле но во еден момент сме одлучиле дека ова е она вистинското. Во светот денес постојат преку 300 фан клубови во повеќе од 90 земји кои го делат истото мислење со нас. Поентата на овие фан клубови е да ги соединат истомислениците и да им пружат логистика кон нивнaта посветеност и поддршка на клубот.

Фан клубот е блиско поврзан со клубот и се неразделива целина која неможе да функционира одделно. Задачата на фан клубот е да го претставува клубот, да ги зближува фановите, да го штити и промовира името на Liverpool FC и неговата историја.

Фан клубот на своите членови им овозможува повеќе бенефиции како : пристап до влезници од Премиер лигата на Енфилд, поддршка и логистика за проблеми со нарачки и прашања поврзани со клубот и фановите, попусти на услуги и патувања во Ливерпул, поддршка на собири и заеднички следења на натпревари, дружење и ред други активности преку кои сме поблиску до случувањата во и околу Liverpool FC.



Секој кој сака да учествува, организира или предложи некоја активност, настан, дизајн и слично е добредојден со свои идеи и предлози за кои ќе се разговара, а фан клубот ќе учествува со своја логистика во рамките на одговорностите и правата кои ни се дадени од страна на Liverpool FC.

За користењето на симболи од фан клубот или од Liverpool FC постои правилник според кој мора да се придржуваме. Секаде каде фан клубот се јавува како организатор во консултација со ко-организаторот мора да се спроведуваат тие правила. За печатење на маици или друг материјал со симболите на клубот за кој фановите плаќаат средства , истите треба да одат во хуманитарни цели предходно објавени од фан клубот или ко-организаторот. Не е дозволено продажба на материјал кој не е во согласност со правилата на фан клубот или за лична материјална заработка.

Фан клубот не е профитна организација. Сите вклучени во одржувањето и функционирањето на фан клубот се волонтери но и носат свои одговорности за она за што се вклучени во него. За секој контакт со медиумите каде со спомнува името на фан клубот, тоа мора да биде лице поставено од фан клубот бидејќи секој коментар може да биде погрешно протолкуван и да го стави името на Liverpool FC во погрешен контекст.

OLSC Macedonia има формално тело составено од Претседател, Благајник, Секретар, Админ и 15 членови на одбор а покрај нив и сите членови на фан клубот, со други зборови и сите фанови на Liverpool FC од нашата држава се со исти права и се дел од носењето на одлуки и предлози.