OLSC Macedonia - Членство


Официјалното членство во Liverpool FC може да се купи или обнови на официјалната страна на клубот https://www.liverpoolfc.com/membership . Ова членство е наменето за сите оние кои сакат да бидат дел од базата на фанови на Liverpool FC. Официјалното членство може да се купи во текот на целата натпреварувачка сезона почнувајќи од Мај. Сите оние кои по првпат купуваат членство, при регистрацијата треба да го одберат како нивни branch , Macedonia , за да бидат регистрирани и во нашата база на членови. Исто така важен детал при купувањето на членството е да ја одберат или не опцијата за автоматско продолжување бидејќи ако е активирана/штиклирана , наредниот Мај членството автоматски ќе им се обнови и за тоа ќе им бидат повлечени средства од страна на клубот. Ова важи за оние кои сакаат да обноват членство но да го направат тоа во друга прилика а не во Мај.

Секој кој купил или обновил членство треба и да не информира на линковите подолу на страната.

Официјалното членство нуди неколку пакети. Она што најмногу ги интересира фановите е дека со секој пакет добиваат сувенири од клубот но и привилегии во зависност од тоа што ќе одберат. Пакетот со сувенири обично пристигнува за две до четири недели, но често се случува и да закасни во зависност од периодот кога е купен. За било какви проблеми околу закаснувањето на пакетот слободно може да не контактирате и да ве упатиме за решавање на тоа. Во прилог листа на видови членство:

Full

- наменето за лица постари од 18 години. Целосно членство кое предвидува и пристап до влезници преку фан клубот или за некои натпревари и преку официјалната страна на Liverpool FC, попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO, дигитален магазин и други поволности кои Liverpool FC ги нуди во тековната сезона.

Light

- наменето за лица постари од 18 години. Предвидува пристап до влезници преку фан клубот или за некои натпревари и преку официјалната страна на Liverpool FC, попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO, дигитален магазин и други поволности кои Liverpool FC ги нуди во тековната сезона. Со ова членство може бесплатно да се следат и натпревари на Liverpool FC U23 како и на Liverpool FC Ladies на Anfield.

International

- наменето за лица постари од 18 години. Ова членство нема опција за аплицирање за влезници на Anfield. Со International секој фан на Liverpool FC добива сувенири како и дигитален магазин , програма за натпреварите пред секое коло као и попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO.

Little Liver

- наменето за деца до 3 години. Со ова членство се добиваат интересни детски сувенири за најмалите фанови на клубот. Не предвидува пристап до влезници па во случај да некој патува со своето дете на Anfield треба да купи друго членство , односно TEEN RED иако тоа е наменето за повозрасна група.

Mighty Red

- наменето за деца од 6 до 11 години. Не предвидува пристап до влезници па во случај да некој патува со своето дете на Anfield треба да купи друго членство , односно TEEN RED иако тоа е наменето за повозрасна група. Со ова членство секое дете може да биде дел од Junior Soccer School во организација на Liverpool FC, можност за учество во разни наградни игри , како и можност да се биде маскота на Anfield. Покрај попусти на производи од официјалната страна секој Mighty Red добива и дигитален магазин, официјални божиќни и роденденски честитки од клубот и сувенири кои се добиваат при купувањето на овој пакет

Teen Red

- наменето за фанови од 12 до 16 години. Има опција за влезници, попусти на производи од официјалната страна, дигитален магазин, понуди за учество во разни наградни игри организирани од Liverpool FC, официјални божиќни и роденденски честитки од клубот како и сувенири кои се добиваат при купувањето на овој пакет.

Регистрација на Официјално членство

Секој кој има официјално членство од клубот потребно е да ни испрати негови податоци на следните начини :

На нашиот емаил contact@olscmacedonia.com. Пораката треба да ги содржи следните податоци: Име, Презиме, Град, Година на раѓање, email, телефон, вид на членство и број на членство.

Истите податоци може да ги испратите на нашиот Facebook профил на следниот линк: LINK

YNWA !