OLSC Macedonia - Собири


Собирите и заедничките дружби за натпреварите на Liverpool FC се составен дел од функционирањето на фан клубот. Нашиот фан клуб заедно со фан клубовите од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна , двапати годишно организира регионални средби по ротационен систем . Регионалното дружење започна во 2013 година во Сараево, БиХ.

Локално во Р.Македонија се организираат и собири во одредени градови на кои покрај следењето на натпревари имаат и хуманитарен карактер како и забава.

Најголем национален собир кај нас е воедно и регионалниот, но покрај него пракса е да се организираат национални собири во одредени градови за време на битни натпревари на клубот.

За организирање на национален собир секогаш има предходна најава на нашата официјална страна.

Секој присутен на овие собири како и на локални дружби треба да се придржува до основниот кодекс на однесување а тоа е дека фан клубот OLSC MACEDONIA не припаѓа на ниту еден град во МКД и е отворен за сите граѓани, без разлика на пол, вероисповест, националност, возраст и не е политички определена организација. OLSC MACEDONIA e непрофитна организација која постои за фановите , ги соединува фановите на Liverpool FC и го промовира и популаризира фудбалскиот клуб Ливерпул.

YNWA !