MK | EN


 

Официјалното членство во Liverpool FC може да се купи или обнови на официјалната страна на клубот на следниот LINK

На веб страната на Liverpool FC добро се објаснети видовите на членство и начинот на кој може да се зачлените.

Официјалното членство може да се купи во текот на целата натпреварувачка сезона почнувајќи од Мај. Важно за сите оние кои по првпат купуваат членство, при регистрацијата треба да го одберат како нивни branch , Macedonia , за да бидат регистрирани како членови на OLSC Macedonia.

Секој кој купил или обновил членство треба и да не информира за да имаме преглед во нашата база. Ова пред се е битно за оние кои сакаат да аплицираат за влезници преку фан клубот.

Оние кои сакаат да аплицираат за влезници во тековната сезона , мора да извадат членство во Мај , пред сезона, и за тоа да ни испратат свои податоци. Членства кои вклучуваат и можност за аплицирање на влезници се Full или Light.

Членството во OLSC Macedonia е бесплатно, чланарина не се плаќа, односно потребно е секој кој сака да биде член и да биде дел од активностите на фан клубот да ни ги испрати своите податоци на еден од следните начини:

email: contact@olscmacedonia.com

facebook: OLSC Macedonia

Потребни податоци: Име и Презиме, Адреса, Град, број на официјално членство доколку го има, телефон за контакт и емаил.

На секој кој ќе ни испрати податоци и ќе стане член во OLSC Macedonia ќе му биде испратен линк за покана и поврзување со фан клубот и во официјалната апликација на Liverpool FC , MyLFC која предходно треба да ја инсталирате и да направите профил одбирајќи го Macedonia Supporters Club како Ваш фан клуб.

YNWA!